Мултикултурализмот во образованието
Стартуваме повторно со Проектот „Мултикултурализмот во образованието“ со нашите долгогодишни другарчиња од ООУ „25 Мај“.
Првата работилницата се одржа на 17.04.2025 година во просториите на ООУ „25 Мај“ организиранa од страна на наставничката Дитурие Сејфедини и учениците од 5-то одделение и
наставничката Роза Јаневска и ученици од 8-4 и 6-2 одделение.
Активност 1 – Творење – пишување на поезија и Избор за наслов на заедничка тема како мото за создавање на книга
Учениците се запознаа, дискутираа меѓу себе, твореа лични творби на тема „Другарство“, потоа читаа на двата мајчини јазика-албански и македонски и ги искажуваа своите мисли и идеи.
Споделија пред другарчињата кои книги ги имаат прочитано, колку книги имаат прочитано, која им е омилена книга и автор и дојдоа до заклучоци и потреба да создадат своја креација КНИГА која ќе се состои со нивни лични креации, ќе ја промовира мултикултурата, другарството и соработката и ќе биде напишана на албански и македонски јазик.
Овие активности ќе придонесат учениците да развиваат свест за прифаќање на различноста и љубов и почит кон читањето и на друг јазик; да бидат креативни, да разменуваат мислења и дружењето и соработката да продолжи и во иднина.







Поврзани содржини