ООУ „Дане Крапчев“

Мое училиште, мое огледало

Мултикултурализмот во образованието 3

Уште една заедничка средба предвидена со Проектот „Мултикултурализмот во образованието“, овој пат во просториите на ООУ „25 Мај“, 28 април 2025.

Повторно ние децата заедно, но дружба на поинаков начин. Целта е да твориме за Другарството и со нашите креации да создадеме Фото книга од соништата, но овој пат решивме дека приоритет ни е да се дружиме преку игра.

Спортот е најубавата тимска игра преку која сакаме да покажеме колку многу можеме кога заеднички дејствуваме, учиме еден од друг, си помагаме, споделуваме, го зајакнуваме тимскиот дух, промовираме заеднички вредности, придонесуваме за развојот на својата заедница и со истрајност стигнуваме до остварување на поставената цел- „Градење и негување на трајни вредности“.

Голема благодарност до наставникот по Физичко и здравствено образование Фљорим Муртезани кој ни овозможи преку игри, вежби и пријателски натпревар да имаме убаво поминато време со нашите другарчиња.

Ова беше задоволство и позитивно искуство за сите нас.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.