ООУ „Дане Крапчев“

Мое училиште, мое огледало

Трка со ролери „Патот до Олимпијада“

🏆 На кејот на реката Вардар се одржа трка со ролери, организирана по повод 50-годишниот јубилеј на Општина Гази Баба, од страна на ОСУСГБ и Скијачката федерација, под мотото „Патот до Олимпијада“.

На трката учествуваа и ученици од нашето училиште од V, VI и VII одделение, кои се претставија со одлични резултати:

🥈 Ања Мицевска (VII одд.) – 2. место во женска конкуренција
🥉 Јунес Белул (V одд.) – 3. место во машка конкуренција

За подготовката и учеството на учениците беа задолжени наставниците Јовица Димески и Дарко Спировски.

Честитки до Ања и Јунес за освоените места, а пофалби и до сите ученици кои беа дел од ова спортско дружење! Убаво е кога спортот носи нови искуства, дружење и причини за радост! 👏

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.