ЈУНИ Е…..КРАЈ Е…. НО, СЕУШТЕ СОБИРАМЕ НАГРАДИ
На 5.06.2025 г. беа доделени плакетите на ученици кои со своите креативни дела учествуваа на Еколошкиот конкурс “Денови на пролетта – Денови на Екологијата” кој Општина Гази Баба традиционално ги спроведува од 21 март до 23 мај.
Нашиот ученик Христијан Гочевски Иваноски 9-1одд. со својата лична творба “Екологија” освои II место.
Наградите беа доделени на настанот ВЕЛО РОДЕО организиран по повод Светскиот ден за заштита на животната средина, кој за прв пат се организира во нашата општина.
На Христијан му честитаме за освоеното место и неговиот придонес за истакнување на важноста на екологијата и му посакуваме понатамошни успеси.









Поврзани содржини