16 Октомври – Светски ден на храната
Секој 16 октомври во светот се одбележува Светскиот ден на храната – ден кој нè потсетува дека здравата исхрана е предуслов за здрав живот, среќно детство и посветла иднина.
Оваа година, нашето училиште ја одбележа оваа важна дата со весела и поучна активност во училишниот хол, каде што учениците од 5. и 9. одделение подготвија штандови со свежо овошје и здрави производи.
Учениците од останатите одделенија со насмевки ги посетија штандовите и уживаа во вкусната и здрава понуда.
Денот помина во позитивна атмосфера исполнета со боја, мирис и радост, а најважната порака која децата ја испратија беше јасна:
„Здравата храна е наш избор, нашата енергија и нашата грижа за себе и за иднината!“ ❤️
Голема благодарност до сите ученици, наставници и родители кои ја поддржаа оваа иницијатива.
Средствата собрани од продажбата ќе бидат наменети за потребите на ЕКО тимот.








Поврзани содржини