Месец: м.г

  • Ученички парламент 2025-2026г

    УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ подготвен за нови предизвици, дебати, дискусии, акции.Новиот состав ќе го предводат:Тео Бојанчев- претседателЈована Младеновска- заменик претседателАнастасиа Пислевиќ- секретар.За претставници на учениците на состаноците на Наставнички совет , Совет на родители и Училишен одбор се избрани учениците :Тео Бојанчев и Јана Ангелова.СРЕЌНА И УСПЕШНА РАБОТА!!

  • Запознавање со различни професии

    По предметот Општество во III одделение предвидена е содржина за запознавање со различни професии. Поради тоа беа повикани родители кои ги запознаа учениците со своите професии овозможувајќи им поблизок пристап до посакуваните професии.

  • Одбележување на Европскиот ден на јазиците – 26 Септември

    На ден 26 септември, во нашето училиште свечено беше одбележан Европскиот ден на јазиците. Настанот беше организиран од учениците во предметна и одделенска настава со поддршка од предметните наставници по Македонски, Англиски и Француски јазик и одделенските наставници.Целта на активноста беше да се истакне значењето на јазиците и да се охрабри почитта кон јазичната и…

  • 22 септември-Меѓународен ден без автомобили

    Учениците од актив петто одделение заедно со Еко-тимот реализираа активности по повод овој значаен ден. Со порака: „Да дишеме почист воздух!“ „Да чекориме повеќе, да возиме велосипед, да ја чуваме нашата планета!“ Нашите мали еко-херои покажаа дека секој чекор кон поздрав живот и почиста средина е важен.

  • 16 СЕПТЕМВРИ- Светски ден за заштита на озонската обвивка

    Во нашето училиште на 16 Септември беше одбележан Светскиот ден за заштита на озонската обвивка. Учениците изработија пано за озонската обвивка , преку кое ја истакнаа нејзината важност со цел да се подигне еколошката свест за почиста, позелена и поздрава иднина. Озонот е одговорен за спречување на околу 98% од УВ зрачењето. Иако станува збор…

  • “Градиме нови мостови” – Завршна манифестација

    На 16 септември 2025 година, општина Бутел и ООУ “Живко Брајковски” беа домаќини на завршниот настан од двегодишниот проектот “Градиме нови мостови” чиj носител е мисијата на ОБСЕ, со поддршка на Министерството за образование и наука, Амбасадите на САД, Холандија, Полска и Луксембург.Проектот е продолжение на претходните активности на Мисијата, насочени кон меѓуетничка интеграција во…